Насловна / Архитектура / Саграда фамилија на Гауди без градежна дозвола

Саграда фамилија на Гауди без градежна дозвола

Прочуената црква на архитектот Антони Гауди, Саграда фамилија во Барселона, која е и под заштита на УНЕСКО се гради без надзор на официјални лица кои треба да ја координираат изградбата со градежните стандарди и нормативи, пишува шпанскиот весник „Паис“.
Саграда фамилија се гради веќе 136 години, а на работите не врши надзор ниту локалниот совет, ниту каталонската регионална влада, пишува весникот и потенцира дека прочуеното здание дневно го посетуваат во просек 12.000 луѓе и се проценува дека е најпосетена атракција во Шпанија.

1
Како што се наведува планирано е Саграда фамилија да биде завршена во 2026 година, на 100 годишнината од смртта на Гауди, но и покрај огромното значење на проектот за Барселона и околината, прочуеното здание нема дозвола за градба од општина.
Единствена дозвола е издадена 1882 година, кога локалните власти му одобриле на Гауди планот да се „процесуира“.
Црквата дури не е ни во регистар на имот, а од 1995 година, земјиштето на кое се наоѓа црквата се води како сопственост на епархијата на Барселона.

22
По повеќе од еден век градење на црквата, одборот за изградба и градоначалничката на Барселона Ада Колау, 2015 година отпочнаа преговори за да ја регулираат изградбата и плаќањето на дозволата по специјален урбанистички план, кој би требало да се заврши до крајот на годината. До тогаш работите на изградбата на Саграда фамилија ќе продолжат без било каков надзор.

33
Недостатокот на контрола на градежните работи им овозможи на туристите да го посетуваат локалитетот без било какви градежни правила, па така 2007 година е откриено дека осум столбови „влегле“ во шеталиштето за 20 до 50 сантиметри.
До сега се завршени околу 70 проценти од црквата висока оклу 85.4 метри. Кога во 2022 година ќе се постави куполата на Исус Христос, највисока од 18. планирани, црквата ќе биде највисок објект во Барселона со 172,5 метара.

Испрати коментар

Scroll To Top