Насловна / Вести / Фондација ЛЕОРОН додели стипендии за 70 студенти од социјални категории

Фондација ЛЕОРОН додели стипендии за 70 студенти од социјални категории

Фондацијата ЛЕОРОН која е добротворна организација со седиште во Скопје и дел од институтот ЛЕОРОН од Дубаи додели стипендии на 70 студенти од социјалните категории.

Стипендиите се доделија во просториите на Институтот, при што студентите потпишаа договори за едногодишни стипендии.

Од фондацијата истакнуваат дека вложуваат напори да ги елиминираат разликите во образованието и да обезбедат еднаков пристап до високото образование кај граѓаните.

ЛЕОРОН

“Мисијата на Фондацијата ЛЕОРОН е промоција на академскиот развој во заедниците каде што работи. Сигурна сум дека сите вие ќе придонесете кон оваа мисија со вашата работа во нашето општество и заедницата во која живееме”, вели Ваљјета Јусуфи, извршен директор на Институтот ЛЕОРОН.

Во ЛЕОРОН пристигнале повеќе од 700 апликации за стипендии. На процесот на финализирање на 70-те финалисти му претходела селекција врз основа на социјалната и економската состојба на апликантите, а важна улога играл и академскиот успех на кандидатите.

 

“Нашата Фондација доби повеќе од 700 апликации за стипендии, така што процесот на одлучување и селекција беше мошне предизвикувачки за нашиот тим. Вие бевте избрани по разгледување на повеќе фактори, меѓу кои, вашиот академски успех одигра клучна улога “, изјави Јусуфи.

Инаку, Фондацијата додадe дека доделените студентски стипендии се продолжение на цела низа на добротворни активности кои ЛЕОРОН ги организира во повеќе земји, вклучително и Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top