Уморни од тоа своето омилено кафе да го пијат од чаша која не само што не е дизајнирана според нивната желба, туку и го „расипува“ вкусот на кафе, Andreas Bös и Jonathan Strauss го креирале DEVIEHL.
Осумнаесет месеци на инженеринг се потрошени за создавање на совршена и најлуксузна чаша за кафе. Секое парче е технички ремек-дело што се состои од 25 одделни компоненти. Користејќи ја напредната технологија за изолација, кафето има оптимална температура за пиење во текот на еден подолг временски период.
Внатрешниот облик, како резултат на комплексното истражување на динамиката на флуидот, е оптимизиран за да се обезбеди максимално формирање на „крема“.
Секоја DEVIEHL чаша не е само технолошко но, исто така, и естетско задоволство. Нејзиниот многу карактеристичен дизајн, има конусен сад што се вклопува во профилирана база со помош на посебен механизам за зацврстување.
Таа е направена од фузија на неконвенционални материјали, вклучувајќи и егзотично дрво како Cocobolo и Zebrano и хидрофобна кожа, а пиењето од чаша DEVIEHL се издвојува со тактилно чувство кое го подобрува искуството на пиење кафе.