Насловна / Вести / Битола ќе добие нов стадион

Битола ќе добие нов стадион

nov stadion vo bitola_resize
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска го промовираше проектот за изградба на нов фудбалски стадион со капацитет од 12.000 гледачи
Според Талески, општината годинава ќе издвои над половина милион евра за изградба на стадионот, реконструкција на спортската сала „Младост“ и други интервенции на спортски објекти во Битола.
„За 120 работни денови ќе биде завршен целиот проект со потребната проектната документација. Решени сме да направиме убав стадион во Битола и затоа одлучивме да издвоиме финансиски средства. Овој проект вреди над 6,5 милиони денари, а ако кон тоа ги додадеме планираните средства за реконструкција на спортската сала, тогаш слободно може да се каже дека во 2014 година општина Битола ќе вложи повеќе од половина милион евра за спортот и спортистите“, истакна Талески на денешната прес-конференција.
Тој потврди дека освен за домашни, новиот стадион во Битола ќе биде и за меѓународни натпревари, но ќе се користат и помошните спортски терени и патеки.
„Стадионот ќе биде за натпревари од втора категорија, односно меѓународни натпревари кои во Битола ќе може да ги игра младинската репрезентација на Македонија, како и клубски натпревари од европските купови. Исто така, ќе може да се организираат атлетски натпревари од ранг на Балкански првенства. Разгледавме 11 предлог решенија за новиот стадион, а се со цел да избереме најоптимално решение со меѓународно признати квалификации“, посочи архитектот Предраг Андонов.

Испрати коментар

Scroll To Top