Насловна / Дневни Вести / Jавна расправа за регулација на коритотo на Брегалница

Jавна расправа за регулација на коритотo на Брегалница

bregalnica5250.jpgВо Штип се одржа јавна расправа за регулација на коритото на река Брегалница. Се дискутираше по нацрт-верзијата на „Студијата за можности за регулација на коритото на река Брегалница“.Присутните дискутираа за можноста од поставувањето на мини-акумулации, брани и каскади. На јавната расправа присуствуваа над 50 заинтересирани претставници од регионот и пошироко.

Воведно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов
кој напомена дека станува збор за проект кој е од особена важност за
општините од регионот. -Со негова реализација ќе се обезбеди регулирање
на коритото на река Брегалница но и креирање на мини брани. Планирани се
15-тина брани по течението на Брегалница од кои дури 5 се во Штип.
Малите брани ќе овозможат смирување на водата во коритото на одредени
локации, а со тоа развој на одредени позитивни моменти-напомена Алексов.

Проектот вклучува можност за биолошки минимум, вода за наводнување на
земјоделски површини, а во градовите со мини брани, развој на
туристичко-рекреативни локации. Ова се само дел од позитивните аспекти
на проектот кој нуди и развој на поголеми акумулации. Со изготвување на
проектот ќе бидат формирани мали езерца со просечна должина од околу
еден километар при што покрај конструкцијата на браната ќе се уредат и
бреговите. Само за браната се потребни околу 400.000 евра (ископ,
регулација и конструкција на гумената вреќа), додека уредувањето на
коритото од двете страни ќе бара повеќе средства, кои можат да се
обезбедат по пат на јавно-приватно партнерство. Браната би била со
височина од максимум 2 метри со што би се обезбедило широчина на
коритото од 40-50 метри и негово просторно средување.
Д.Ристов

Испрати коментар

Scroll To Top