Утре, 20 септември во галеријата „Акантус“ на улица „Орце Николов“ бр.99 во Скопје во 20:00 часот ќе се отвори изложбата „Урбанизмот на Дебар маало“. Изложбата го претставува развојот на урбанизмот во Дебар маало од неговото проектирање во првата половина на 20тиот век до денес и ќе трае до 4 октомври 2018 година.
Оваа иницијатива претставува синтеза која се базира на колективната социјална свест согледувајќи го самото потекло, генеза и потенцијали на архитектонскиот простор на Дебар маало.
Појдовната точка е мапирање на Дебар маало, бележење на промените на границите низ годините, неговите предности и недостатоци, препознавање и употреба на потенцијалот на местото во идниот развој на населбата. Преку овие релации се согледува менталниот склоп и социјалната структура на одредена култура, а архитектонската и урбана организација на просторот е експресија преку која се согледуваат низа трансформации како резултат на различните социјални навики и човекови потреби.
Проектот е релаизиран со поддршка на Град Скопје.