Насловна / Архитектура / Се отвори 19. БИМАС на тема„Баукултур“- Култура на градење и Градење култура

Се отвори 19. БИМАС на тема„Баукултур“- Култура на градење и Градење култура

Вчера во Музејот на град Скопје се отвори 19. Биенале на македонската архитектура – БИМАС на тема „Баукултур“. Присутните ги поздрави директорката на музејот, архитект Фросина Зафировска, која е долгогодишен соработник и на ААМ и на сите архитекти кои организираат случувања во „нивниот“ музеј.

IMG_20180913_210100

Со децени наназад активно е вклучена во организацијата на БИМАС и секогаш сесрдно помага во сите случувања кои архитектите ги организираат во Музејот на град Скопје. Нејзината порака дека ова и е последен БИМАС, бидејќи се ближи нејзиното пензионирање, беше мошне емотивна и проследена со бурен аплауз од присутните во знак на благодарност и почит за нејзиното залагање и голема помош во организација на архитектонските случувања.

IMG_20180913_210114
Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, Мартин Пановски во своето обраќање говореше за темата на БИМАС „Баукултур“ или „Култура на градење“. Вели дека спонтано се наметнала поради актуелните состојби и отсуството на одговорност на кои сите сме сведоци. Мисли дека темата е можеби прешитока, но смета и дека е актуелна во Македонија, бидејќи 20 и повеќе години, како што рече, тоа е она што нам ни недостига. Отварајќи ја изложбата на БИМАС на која се изложени педесетина архитектонски трудови Пановски изјави: „Оваа изложба е позитивното сфатено од Баукултур, позитивните примери како културно треба да се однесуваме кон нашиот сопствен простор“.
Претседателот на БИМАС, Владимир Десков исто така ја нагласи актуелноста на темета. Вели дека: „Терминот Баукултур, кој се користи во германското говорно подрачје и во својата суштина е двозначен – истовремено означува и Култура на градење и Градење култура“. Тема која ААМ ја препознала како две нешта кои нас ни се неизмерно потребни. Десков ја презентираше и програмата на настаните на БИМАС кои ќе се случуваат наредниве две недели.

IMG_20180913_210034
Предвидено е да се одржи детска тура и работилница наречена „Мала школа за архитектура“ со цел да даде вовед на децата за нивниот град и како да го читаат и доживуваат изграденото ткиво што секојдневно ги опкружува. Ќе се одржи изложба „Архитектонски илустрации“ на Зоран Кардула и изложба на фотоградии „Паралелно Скопје“ на Даниел Ѓурчиновски. Во рамки на БИМАС ќе се одржат и повеќе Баукултур разговори на различни актуелни теми.

IMG_20180913_205444

IMG_20180913_205409

IMG_20180913_205230

IMG_20180913_205311

IMG_20180913_205515

IMG_20180913_205710

IMG_20180913_205810

IMG_20180913_205906

IMG_20180913_210004

фото: Киро ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top