Општина Богданци објави оглас за продажба на 13.500 квадратни метри градежно неизградено државно земјиште, по пат на електронско јавно наддавање.
Двете парцели, што се предмет на продажба, се наоѓаат вон населеното место и според урбанистичкиот план се наменети за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, за производство и дистрибуција, стоваришта и магацини, како и за изградба на големи трговски единици со максимална височина до 15 метри.
Почетната цена на градежните парцели изнесува 61 денар за квадратен метар, а на електронската продажба може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои најдоцна до 3 март ќе ги достават своите понуди на адреса на локалната самоуправа во Богданци.