Насловна / Вести / Зошто производите на „Икеа“ имаат чудни имиња

Зошто производите на „Икеа“ имаат чудни имиња

Кога имата стотици односно илјадници производи во својата понуда, најлесно би било да се означуваат со броеви или имиња кои би биле лесни за изговарање и помнење. Но, тоа не е случај со шведскиот гигант „Икеа“, чии производи имаат чудни и тешко разбирливи имиња, барем за луѓето надвор од Скандинавија. Тоа е така, поради фактот што основачот на компанијата Ингвар Кампард имал дислексија, па имал проблеми да ги следи и памти развојот на стотиците производи. Затоа производите добивале имиња на градови, езера и сл. во Шведска, Финска, Норвешка, односно цела Скандинавија. Самото име на компанијата, потекнува едноставно од неговите иницијали, името на малата фарма Елмтарид каде бил роден, и блиското село Агрунарид. Со текот на времето, имињата на производите стануваат синоним за оваа компанија и своевиден бренд.

IKEA1

IKEA2

IKEA3

Испрати коментар

Scroll To Top