Насловна / Вести / Ова се најеколошките фармерки на светот

Ова се најеколошките фармерки на светот

Сертификатот на непрофитната организација  Cradle to Cradle  ја оценува облеката според следните критериуми: квалитет на материјалот, можност за повторна употреба на модното парче, користење на обновливи извори на енергија, почитување на принципите на општествена еднаквост и управувањето со водата во текот на процесот на производство. Првиот производител на облека кој во рамките на својата модна линија нуди фармерки оценети со златен сертификат е C&A. Те се изработени од целосно одржлив материјали и во согласност со останатите начела на одржлива мода според  Cradle to Cradle сертификатот.

Своите напори кон исполнувањето на „зелените“ барања на Cradle to Cradle, C&A  ги насочува токму на фармерките како неизоставен дел од сечија гардероба. Со оглед на фактот дека за нивното шиење се потребни мноштво различни компоненти, снабдувачи и фабрики, сите соработници во овој ланец се внимателно одбрани, а материјалите сериозно тестирани.

Со цел промоција на својата одржлива облека, претставувањето на овие фармерки на светскиот пазар ќе биде пропратено и со идавањето на првиот светски водич согласно Cradle to Cradle принципите. Овој водич ќе им овозможи на заинтересираните, да се запознаат во процесот на производство на фармерките кои ги почитуваат начелата на кружната економија. Намерата на  C&A е одржливата гардероба да биде широко прифатена.  Од тие причини, цената на овие фармерки е 29 евра.

C&A5

C&A6

C&A4

Испрати коментар

Scroll To Top