Новиот проект на компанијата Aedas се состои од четири кули со различна височина и со мешовита намена во Џухај во Кина. Кулите се меѓусебно поврзани со патека која се состои од повеќе нивоа што ги поврзуваат овие конструкции и создаваат „тродимензионлен, вериклен пејсаж“. Во надеж дека ќе стане централен дел на градот Hengqin CRCC Plaza користи стратешко централно позиционирање и форма, со цел максимизирање на економскиот бенефит и создавање на силно јадро, каде отворениот простор е во служба на работното опкружување. Двете повисоки кули кои се наоѓаат на североисток и југоисток ја користат предноста од локацијата и околината создавајќи го деловниот простор Grade-A. Двете помали кули сенаоѓаат помеѓу нив, додека зелената патека се протега долж нивниот врв создавајќи впечаток на интересен зелен покрив. Овој „небесен“ мост постигнува неколку функции и решава некои од почетните проблеми со кои бил соочен проектот. Поврзувајќи ги сите области на проектот, делува како динамичен, зелен простор за промовирање на меѓусекторската комуникација, интегрирајќи ги четирите објекти во една кохезивна целина. Единствен по својата форма, создава јасен, позитивен идентитет кој ќе има значајна улога во развојот на градот и неговото движење напред. Амбицозниот проект од над 200.000 квадратни метри, според планот би требало да биде завршен до 2022 година. Компанијата Aedas има големо искуство поврзано со проекти за мешовита намена слични на Hengqin CRCC Plaza, а во моментот е во голема мера присутна на пазарот во Кина.