Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Германија воведува данок за фотоволтаиците?

Германија воведува данок за фотоволтаиците?

solar
Германската влада ја објави својата намера за воведување на данок за фотоволтаици, со што на некој начин ќе ги казни граѓаните што сакаат да вградат ваква технологија на своите покриви. Овој данок би се однесувал на новите интегрирани фотоволтаични инсталации со моќност над 10 kW, што претставува поголем дел во вкупната структура односно 83%.

Со тоа, Германија ќе биде првата земја во ЕУ која ќе се одлучи на ваков чекор, согласно плановите на канцеларката Меркел за стабилизирање на растот на цените на електрична енергија. Се планира овој законски предлог да се дефинира до април, и да биде усвоен најдоцна до јуни 2014.

Извор: EMP

Испрати коментар

Scroll To Top