Насловна / Екологија / ГМО стигнува и во Русија

ГМО стигнува и во Русија

gmo
Русија наскоро ќе се најде на списокот земји во кои е дозволено одгледување генетски модифицирана храна (ГМО). Од 1 јуни 2014 година на сила стапува указот со кој се дозволува регистрација на генетски модифицирани култури житарки. Со ова во легалните текови ќе се воведе досега нелегалниот увоз на генетски модифицирани семиња и веројатно ќе го поттикне развојот на домашните генетски модифицирани култури. Разни невладини организации на суд се обидуваат да ја оспорат одлуката на Владата.

Еколошката организација „Greenpeace“, која жестоко се бори против користењето ГМО, откри постоење ГМО во производите на многу руски компании. Според податоците на еколозите, 16 руски производители користат ГМО во своето производство. Освен тоа, ГМО стасува на рускиот пазар и во состав на странските прехранбени производи и во сточната храна. Во светот има над 130 милиони хектари засеани со трансгенетски видови билки.

Извор: Руска реч

Испрати коментар

Scroll To Top