Европската Унија планира да ја тужи Германија, бидејќи компанијата „Дајмлер“ и понатаму продолжува да го користи забранетиот ладилен медиум во возилата „Мерцедес“. Претседателот на комисијата за индустрија на ЕУ, Антонио Тајари, изјавил дека Германија не ги почитува европските закони и ја игнорира политиката на ЕУ за заштита на животната средина, со тоа што и понатаму ѝ дозволува на својата компанија да го користи забранетиот ладилен медиум R134a.
Компанијата „Дајмлер“ пак, во своја одбрана тврди дека во моментот расположивото алтернативното ладилно средство HFO-1234yf може да предизвика пожар и не е безбедно за употреба. Германскиот автомобилски гигант најави дека развива нов алтернативен ладилен медиум кој ќе биде подготвен за комерцијална употреба во автомобилите во 2017 година.
Извор: Handelsblat