На јавниот повик за непосредно кофинансирање на купувањето на енергетски ефикасни возила за правни лица, кој Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност (FZOEU – Fond za zaštitu okoliša i energetsku efikasnost) го објави на 20-ти јуни 2018, стигнале над 200 пријави. Обобрени се пријавите од 127 субјекти, кои вкупно добија 13 милиони куни (1.750.000 евра) за 506 возила.
Притоа, кофинансирањето е одобрено за 286 електрични велосипеди (1,2 милиони куни), 122 електрични автомобили (8,6 милиони куни), 29 возила од категоријата N1 со погон на компримиран природен гас или течен нафтен гас (околу 2 милиони куни) како и 69 возила од L категорија (околу милион куни), пишува Jutarnji list.
Во 2017 година, во Хрватска се регистрирани 277 електрични лични возила, а резултатите од овој јавен повик покажуваат дека во оваа година таа бројка ќе се зголеми најмалку двојно.