Градот Крк е една од најстарите урбани населби во Хрватска, некои веруваат дека и Хомер знаел за Крк бидејќи во својот еп го споменува зборот Koureto, а според одредени историчари овој збор го означувал токму островот Крк.
Ако некој од вас го посетил градот Крк минатото лето, сигурно забележал интересна архитектонска структура до основното училиште „Фран Крсто Франкопан“. Архитектот Идис Турато и неговиот тим од архитектонското студио „Турато“ проектирале спортска сала и соодветен плоштад во градот Крк, и на тој начин ја продолжиле приказната започната во 2005 година, кога Турато со своето поранешно студио „Рандиќ Турато“, го изградиле споменатото училиште. На тој начин, стариот град Крк доби новодефинирана урбана фокусна точка, која се состои од училиште, сала и плоштад.