Насловна / Вести / Општина Кисела Вода заедно со граѓаните ќе чисти диви депонии

Општина Кисела Вода заедно со граѓаните ќе чисти диви депонии

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење на диви депонии.
Целта на акцијата е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад, и истите да се исчистат.
Заинтересираните граѓани, првата фаза, лоцирањето / мапирањето, можат да го направат до средина на август преку апликацијата на следниот линк: https://www.worldcleanupday.org/map-it/

Мапирај!
Во втората фаза, граѓаните може да се вклучат на 15 септември 2018 година, кога општината за првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World. Имено, Let ’s Do it! World е најбрзо растечко движење во светот кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.
Од општината велат дека акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top