На Факултетот за електротехника и информациски технологии, се одржа семинар на тема „Современи технологии за гасификација од биомаса и нивна практична примена“. Целта на семинарот е промовирање на искористувањето на потенцијалот од биомаса, кој во Македонија се проценува на околу 30 MW.
Шпанската компанија „Екотек“, која се занимава со овие технологии, имаше свое излагање на семинарот. Професорката Христина Спасеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), организаторот на семинарот, истакна дека ќе се испитаат можностите за примена на технологијата промовирана од шпанската компанија во технолошкиот парк што ФЕИТ планира да го изгради до фалултетот. Технолошкиот парк ќе има делови за обновливи извори на енергија, а тука спаѓаат сите типови на обновлива енергија, сончева, ветерна и енергија од биомаса, истакна Спасеска.
На семинарот учесниците се запознаа со најновите информации за достапните напредни и модерни технологи понудени на пазарот од оваа област.