Тинос е трет по големина остров на грчките Киклади. Познат како “Островот на Мадона”, Тинос е најголемиот центар на аџилак во Грција. Во неговиот пејзаж на сурови, карпести ридови лежат повеќе од 40 села, како мермерни фрагменти расфрлани по ридовите. Островот е познат по својата недопрена архитектура, живописни села и убави предели. Повеќе од илјада цркви може да се најдат на падините и врвовите и десетици напуштени ветерници. Сценографијата е формирана со илјадници километри со камени ѕидови кои го прават пејзажот визуелно уникатен.
Проектот за куќата “Mirage” е дело на архитектонско биро Kois Associated Architects од Атина. Лоцирана е на стрмите карпести падини од каде се соочува со прекрасни и панорамски погледи на пејзажот и крајбрежјет на Егејското Море.
Куќата е решена на едно ниво и е со површина од 198 квадратни метри. Целта на проектантите била да ја интегрираат куќата во пејзажот. Просторот за живеење е покриен со рамна плоча која е всушност базен полн со вода, кој се протега кон хоризонтот, исчезнува и се спојува со крајбрежјето. Од далечина, особено ако се гледа од патот од повисоко место, единствената видлив дел на куќата е водата во базенот.
Водата во текот на денот ги рефлектира околните карпи, а во текот на ноќта ѕвездите. Базенот кој е и покрив обезбедува изолација и заштита од сончевото зрачење и преносот на топлина.
Повеќето од градежните материјали се пронајдени во близина и се користени за да се направи куќата.
Проектантите велат„ Сакавме да направиме куќа сплотена со околината, невидлива оаза скриена од неочекуваните погледи. Куќата е точка на набљудување, се држи на карпите и го надгледува драматичниот каскаден пејзаж“.