Насловна / Вести / Коментар по повод темата „Зајакнување на културно-историски споменици“

Коментар по повод темата „Зајакнување на културно-историски споменици“

Во нашата Редакција стигна коментар од проф. Кирил Граматиков по повод темата изготвена од ИЗИИС со наслов „Зајакнување на културно-историски споменици“, објавена во последниот број на Порта3. Ви го пренесуваме коментарот во целост.

„Убаво е што проектот PROHTECH е актуелен и 10 години по неговата финализација (2008).

Заради коректно информирање на јавноста, вистина е дека во овој европски проект главен и официјален носител на активноста од Македонија беше Градежниот факултет. ИЗИИС беше вклучен како подизведувач (subcontractor) за експерименталните испитувања, преку договор склучен со Градежниот факултет. Притоа, главен координатор на проектот беше проф. Federico Mazzolani (IT), a лидер и координатор на експеренталните испитивања во рамките на PROHITECH беше проф. Кирил Граматиков (PROHITECH, Volume 3, 2012, Polimetrica, Milano).

Проф. Лидија Крстевска и проф. Љубомир Ташков беа одговорни за делот од експериментите реализирани во ИЗИИС“.

Испрати коментар

Scroll To Top