Група научници успеале да направат соларни панели да произведуваат електрична енергија без сончева светлина. Но, ништо од ова не би било можно без една од најозлогласените бактерии – Escherichia coli.
Истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија велат дека откриле нов, високо ефективен и одржлив начин да ја искористат можноста за фотосинтеза на некои бактерии и на тој начин да се трансформира сончевата светлина во енергија.
Соларните ќелии добиени на овој начин се познати како биогени и вклучуваат живи организми, со што е отидено еден чекор подалеку од претходното истражување кое се фокусирало на искористување на природните бои од страна на бактериите кои се користат за фотосинтеза. Истражувачите на UBC, предводени од професорот Vikramaditya Yadav, се фокусирале на генетски конструирани E. coli бактерии да произведуваат големи количини на ликопен боја. Тоа е клучот кога станува збор за собирање сончева светлина за производство на енергија. Професорот Yadav вели дека на овој начин успеал да излезе со решение кое е економски уште попрофитабилно. Поточно, за време на овие експерименти најголемата густина на струјата била забележана во биогената соларна ќелија. Хибридни материјали, развиени од страна на UBC можат да бидат произведени ефикасно и одржливо, и со доволно оптимизација и може да произведуваат иста количина на сончевата енергија како конвенционалните соларни ќелии, дури и на долг рок.
Escherichia coli (E. coli) е грам-негативна бактерија која е во вид на шипка и е дел од нормалната цревна флора кај човекот и животните.
Тимот на UBC проценува дека овој процес може да ги намали трошоците за производство на ликопен за 90 отсто, што е потенцијално значаен напредок. Научниците во моментов бараат процес на производство кој не убива бактерии, што ќе дозволи бојата да се произведува на неодредено време.
Ако овој метод на производство на соларни ќелии успешно се развие, истата технологија може да се примени во рударската индустрија или во истражувањето во длабочините на морето и други средини во кои нема доволно сончева светлина.