Насловна / Архитектура / Антагонизам помеѓу стаклена елипса и бетонски лист

Антагонизам помеѓу стаклена елипса и бетонски лист

antagonizam.jpgКако се градат објекти кои
стануваат нови репери во
својата околина, покажува
примерот на објектот „Сан
Марко“ во Скопје чиј автор
е архитектот Ѓорѓи Мојсов.
Зградата се наоѓа во строгиот
центар на градот, во непосредна
близина на Телеком, Градскиот
плоштад и Камениот мост. 

Овој дел од градот претставува
микс на објекти со различни
намени, a на архитектите им
нуди голем број предизвици
поради техничките прашања кои
произлегуваат од локациските
услови, економските прашања
поврзани со сопственоста
на дел од објектите и
нерешени имотно- правни
прашања, инфраструктурните
барања кои се резултат
на зголемената густина на
новоизградените објекти, како
и естетските критериуми.
Инспириран од геометријата,
авторот Ѓорѓи Мојсов создал
биоморфна елиптична структура
од стакло, бетон и челик, која
е совршено интегрирана во
овој контекст. Објектот има
вкупно 5.400 метри квадратни
современ деловен простор.
Висок е 29 метри и содржи осум
надземни нивоа и потпокрив,
како и две подземни нивоа.

antagonizam2.jpgПодземниот паркинг простор
е со капацитет од 24 возила и
е решен со лифт платформа.
Секој надземен кат има океанска
канцеларија со големина
од 400 метри квадратни и
широк панорамски поглед.
Просторот внатре и надвор
од објектот е поврзан со
транспарентноста на масата на
стаклените површини, проткаени
во ритмичниот континуитет
на елипсоидната крива.
Антагонизмот помеѓу нежната
стаклена површина и грубата
рапава обвивка на страничните
платна претставува испитување
на визуелните доживувања
преку истражување на формата.
Со страничните платна се
добива ефект на лист кој се
отвора, односно подвиткува
кон задниот дел на елипсата
што продира низ задната
фасада и го води погледот до
главниот влез во објектот.
Транспарентната елипса која
продира низ целиот објект не е
само форма што воспоставува
дијалог со околните објекти
и плоштадот, туку таа ја
детерминира функционалната
шема на просториите во
ентериерот. Во централниот
простор се лоцирани
двострано ориентирани
океански канцеларии, додека
странично кон платната се
организирани сите помошни
функции: двете скалишни
јадра, тоалетите, кујната како
и директорската канцеларија.
Во двата пара шлицови што
се создаваат помеѓу овие две
тела се предвидени четири
мали лоѓи на секој од катовите
кои служат за природна
вентилација на просториите.
„Сан Марко“ има богатство
на осмислени архитектонски
детали, како што се
хоризонталните брисолеи
од надворешната страна
на застаклената елиптична
структура. Фасциниран од
структурата на формалната
едноставност, Мојсов смета
дека секоја зграда не мора да
биде роб на својата функција и
дизајн, туку инсистира на избор
на минимални елементи со
кои се постигнува добробит на
работното место, покажувајќи
интерес за комуникациите
на вработените, идејата за
третирање на вработените како
големо семејство и создавање
на простор за работа кој не само
што ќе биде функционален,
туку и ќе биде пријатен за око.

Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА


 

Испрати коментар

Scroll To Top