Уште една крајбрежна зона во Њујорк е уредена и со тоа се покажува дека во бетонската џунгла многу се работи на подигнување на еколошкиот урбанизам.
Во изминатите години се повеќе се редат проекти за реконструкција на Големото јаболко, на многу напуштени места никнуваат зелени површини, па оваа метропола можеби ќе треба да го промени својот прекар „бетонска џунгла“.
Во квартот јужен Хантер во Лонг Ајленд уредена е уште една зелена оаза. Ова е втора фаза од проект што е почнат во 2013 година. Дизајнот на оваа урбана област, која се наоѓа во близина на најголемиот станбен комплекс во Њујорк од 70-те години, успешно ги комбинира инфраструктурата, пејзажот, архитектурата и уметноста.
Целата зона на паркот е создадена како трансформација на 11 хектари индустриско земјиште со поглед на Менхетен. Овој јавен простор е дизајниран како нов модел на урбана екологија и прототип на нов, иновативен, одржлив дизајн.
Полуостровот е изграден така што тоа обезбедува лесно и непречено движење на патеката до уметничките инсталации на уметник Nobuho Nagasawa, наречен Luminescence, што претставува движење на Месечината. Патеката може да доведе до издигнат видиковец од кој има поглед на панорамата на Менхетен, но, исто така, преку пониски патеки се стигнува и до реката. На пространа зелена површина, која се наоѓа меѓу патеките, посетителите можат да се собираат и да уживаат во различни активности.
“Голема чест е да работам на ваков проект за њујорчани. Реформа на неискористен простор на густо населен град е неверојатно важен дел од нашата социјална одговорност како дизајнери во Њујорк. Развојот на точката јужен Хантер е совршена можност да им се овозможи на луѓето да истражуваат и да уживаат на брегот на градот“, вели Том Кенеди од Аруп.
Овој проект е дел од соработката на архитектонските фирми SWA/Balsley i Weiss/Manfredi, заедно со фирмата Аруп како главна консултантска фирма која е одговорна за дизајнот на целата инфраструктура.