Насловна / Арт и дизајн / Нова изложба посветена на генијалниот Тим Вокер ќе биде отворена во Лондон

Нова изложба посветена на генијалниот Тим Вокер ќе биде отворена во Лондон

Модниот фотограф Тим Вокер е веќе препознатлив гениј за кој навистина не треба вовед. Неговите фотографии и модни едиториали кој ги работел за голем број на списанија предизвикуваат восхит од страна на критичарите, но и од публиката и се смета дека Вокер е еден од оние визионери кои во модната индустрија донел нешто свежо, ново и неверојатно. Фановите на Вокер ќе се воодушеват со објавата дека следната година во Лондон ќе биде отворена нова изложба посветена на неверојатен талент. Изложбата ќе биде поставена во V&A и иако во моментов нема наслов, се знае дека посетителите ќе можат да ги видат фантастичните визури кои овој фотограф ги донел на живот, како и „фотографии зад сцената“, односно увид во работата на висажисти, фризери и дизајнери, кои, исто така, придонесуваат за формирање на конечните идеи на Вокер и неговиот бајковит свет.

london tim voker (6)

Откриени се и неколки детали за тоа што ќе бидат вклучени во самата изложба. Имено, претходно биле вклучувани некои од највпечатливите реквизити кои тој ги користел за време на своите снимања, а дизајнерката Шона Хит откри како овој пат ќе бидат вклучени токму овие реквизити за да просторот се претвори во место каде што се испреплетуваат фотографии, реквизити, сетови и инсталации. Ова е трета самостојна изложба на фотографот во Лондон, кадешто Вокер претходно имал изложби во „Сомерсет Хаус“ во 2012 година во Музејот на дизајн во 2008 година.london tim voker (1)

Сигурно е само едно – следната година ако сте во Лондон, оваа изложба нема да сакате да ја пропуштите.london tim voker (5) london tim voker (4) london tim voker (3) london tim voker (2) london tim voker (1)

Испрати коментар

Scroll To Top