Насловна / Вести / Потпишан договор за реконструкција на хидроцентралата Ѓердап 1 во Србија

Потпишан договор за реконструкција на хидроцентралата Ѓердап 1 во Србија

Српската електроенергетска компанија ЕПС (Електропривреда Србије) и рускиот производител на енергетска опрема и постројки Силовие машини, потпишале договор за реконструкција на единицата А2 во склоп на ХЕ Ѓедап 1, со моќност од 1.005 MW. Со договорот е предвидено континуирана изведба на работите во периодот од септември 2018 до октомври 2019 година. Досега е направена реконструкција за четири единици од хидроцентралата Ѓердап 1, додека во 2021 се планира и реконструкција на единицата А3. Со завршување на овие реконструкции, моќноста на електраната ќе се зголеми за 10% а работниот век ќе се продолжи за 40 години. Дополнително се планира реконструкција и на 10 единици од хидроцентралата Ѓердап 2.

Хидроцентралите Ѓердап се изградени во периодот 1964-1972 како заеднички проект на Југославија и Романија и претставува еден од најсериозните инженерски потфати на некогашната федеративна држава во областа на енергетската инфраструктурa.

Gjerdap2

Gjerdap3

Gjerdap4

 

Испрати коментар

Scroll To Top