Штип – Две странски компании се заинтересирани за инвестирање во новата техничко-технолошка зона кај приградската населба Три чешми во Штип.
Според градоначалникот Зоран Алексов, заинтересираните инвеститори оствариле средби со него, но склучувањето на договорите го реализира централната власт.
– Станува збор за две фирми кои најмногу имаат отидено напред со
преговорите за изградба на фабрики во оваа зона. Едната се занимава со
изработка на специфичен градежен материјал, а другата, германска,
произведува течни детергенти, изјави Алексов.
Тој потенцира дека според плановите, фирмите ќе вложат еден до 10 милиони евра. (МИА)