Насловна / Вести / Челникот на американската Агенција за заштита на животната средина EPA поднесе оставка

Челникот на американската Агенција за заштита на животната средина EPA поднесе оставка

Американскиот претседател Доналд Трамп, службено ја објави оставката на Скот Пруит од должноста директор на американската Агенција за заштита на животната средина (EPA Environmental Protection Agency). Во својот допис во прилог ан оставката, досегашниот челник на EPA истакнал дека си заминува од должноста поради „немилосредните напади без преседан врз него лично и врз неговото семејство“. Истовремено неговиот мандат, па и самото негово назначување предизвика многу негативни коментари во јавноста. Поради неговите врски со администрацијата на Трамп, стручната јавност предупредуваше на опасностите од депрофесионализација на Агенцијата со намера да се протежира и натаму индустријата на фиосилни горива.

Инаку, оваа Агенција има голем авторитет во САД и во своите редови има врвни прфесионалци од кои стравуваат и најмоќните компании, доколку направат било каков прекршок во врска со животната средина. Агенцијата е заслужна и за оштетата од неколку милијарди долари која Фолксваген треба да ја исплати во САД поради „дизелгејт“.

EPA

EPA1

EPA2

Испрати коментар

Scroll To Top