Се работи за хотелот Kempinski кој е во сопственост на MK групата, односно на Миодраг Костиќ, па се зборува дека ова е најголемата српска инвестиција на Истра. Иако хотелот започна со работа уште минатата есен, сепак ова е неговата прва висока сезона а очекувањата се навистина големи. Највеќе гости има од Австрија, а во комплексот во кој работат 150 луѓе има и голф терен, 22 вили и плажа која се опишува како една од најубавите на Јадранот.
Цените во Kempinski варираат во зависност од месецот, но ноќевање со појадок во сезона чини околу 150 – 300 евра по лице. Наем на апартмани е просечно 500-600 евра дневно, додека пак за ноќевање во еден од претседателските апартмани треба да се издвојат дури 8.000 евра.