Насловна / Арт и дизајн / Ѕидни часовници, брутализам и средна класа

Ѕидни часовници, брутализам и средна класа

Уметникот од Франкфурт, Guido Zimmermann, својата љубов кон брутализмот ја преточил во традиционални ѕидни часовници. Неговата серија часовници наречена Cuckoo Blocks е инспирирана од архитектурата од крајот на 60-тите години на минатиот век.

5

Но всушност, тоа е помалку осврт на брутализмот од естетската страна, а повеќе е одговор на намалување на средната класа предизвикано со зголемување на цената на нафтата.
Часовниците претставуваат слика на денешното живеење во станбените блокови во кои се помалку има луѓе од средната класа, како што вели уметникот, предизвикано од поскапувањето на нафтата.

1
Преку формата на часовниците претставени се два бруталистички објекта, хотелот La Flaine на архитектот Marcel Breuera и лондонскиот Glenkerry House на архитектот Erno Goldfinger, пишува ArchDaily.

2

хотелот La Flaine на архитектот Marcel Breuera како часовник

Од една страна имаме хотел кој е незграпно насаден во недопрената природа на Алпите, а од друга страна имаме Glenkerry House, типичен пример на блоковска изградба во центар на Лондон каде некогаш живеела средната класа. Денес просечен жител на Лондон не може да си дозволи таков луксуз да живее во ваква зграда.

3

лондонскиот Glenkerry House на архитектот Erno Goldfinger како часовник

Традиционалниот часовник со птица во не толку далечното минато се сметал за симбол на просперитет на средната класа и некој вид луксузен предмет во домот на семејството. Меѓутоа, верзијата Cuckoo Blocks претставува слика на денешниот општествен и урбан живот во станбените блокови во кои се помалку има средна класа. Гласно размислува уметникот Guido Zimmermann.

Испрати коментар

Scroll To Top