Насловна / Арт и дизајн / „Активно кино за заедницата“ во Железничката зграда

„Активно кино за заедницата“ во Железничката зграда

Утре (23 јуни) од 11 до 15 часот во Железничката зграда во Скопје (улица „Борка Талески“ 26) ќе се одржи настанот „Активно кино за заедницата“.poster_Aktivno-Kino-za-Zaednicata_medii

„Употребата на одреден простор за културата, како еден сублимиран термин, подразбира разгледување на идеи и можни сценарија за физичко и програмско уредување и реанимирање, како и можни намени за пошироката заедница. Кино салата во Железничката зграда, покрај другите можности, може и да функционира како простор за заедницата (станарите на Железничка зграда) но и како простор за креирање и реализација на културна и уметничка содржина развиена во соработка со локални уметници и организации активни во полето на културата и уметноста“, соопштуваат од  „Локомотива“.

Овие размислувања, кои се манифестираа во низа средби, работилници и разговори, се дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“, подржан од програмата Цивика Мобилитас и во организација на партнерите „Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста“ од Скопје и „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје. Тие во текот на 2017 и 2018 година, во соработка со станарите и куќниот совет на зградата, активно работеа на темата „Употреба на киното на Железничка зграда“.

Настанот на 23 јуни ќе обедини изложба на идејни решенија – предлог  проекти од млади архитекти за просторен концепт (dream space) на постоечкото кино во Железничка зграда, доделување награди, видео колаж-презентација на форографии и видеа, но и дискусија на тема „План на употреба на Железничка зграда“.poster_Aktivno-Kino-za-Zaednicata_medii-

Учесници се Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар, Филип Јовановски, претсетдател на ФРУ, членови на жири – комисија: Дејан Ивановски, архитект, Слободанка Стевческа, ликовна уметница и Максим Наумовски, архитект. Модератор е Милан Живковиќ, координатор на програмата на Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) – Македонија.

Проектот „Културни простори за активни граѓани“, се реализира во партнерство помеѓу Локомотива и ФРУ и во соработка со Друштвото за театарски и едукативни работи „Театар на Навигаторот Цветко“ (Скопје) и здруженијата на граѓани Плоштад Слобода (Скопје) и Гласен Текстилец (Штип).

Преку партнерот на проектот Факултет за работи што се учат – Битола/Скопје, оваа активност е дел од Неделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Реализацијата на јавниот настан е поддржана и од Фридрих Еберт Фондација Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top