Активистите на Greenpeace тргнаа во голем шопинг. Во различни бутици од 25 земји, купени се и анализирани вкупно 82 парчиња детска облека. Лабораториските анализи покажале дека во облеката, вклучувајќи ги и парчињата од познати марки, се наоѓаат низа отровни хемикалии.
Иако токсиколозите сметаат дека измерените концентрации не може да се поврзат со акутен ризик кај децата, сепак им се препорачува на родителите да бидат внимателни. Опасноста е многу поголема за работниците во текстилната индустрија. Од друга страна пак, овие хемикалии завршуваат во отпадните води и имаат исклучително негативно влијание врз животната средина. Посебно лоша е ситуацијата во Азија, каде во последните години постојано се отвораат нови текстилни погони.
Извор: Deutsche Welle