Насловна / Дневни Вести / Привршува изградбата на прочистителната станица во Колешино

Привршува изградбата на прочистителната станица во Колешино

kolesino-koleshino.jpgКолешино – Во населеното место Колешино во завршна фаза е изградбата на прочистителна станица за отпадни води, проект вреден 230 илјади евра, донација од словачката влада.

– Изградбата на прочистителната станица, засега единствена од ваков вид
во овој дел од државата е овозможена со средства од Државната агенција
за развој на Република Словачка, со која потпишавме и нов договор за
продолжување на соработката, информира градоначалникот на општина Ново
Село, Петар Спасов.
Обврска на словачаката Агенција за развој беше да ја избере фирмата
изведувач на работите за изградба на прочистителната станица, а
подизведувач на градежните активност е домашната компанија „Пелагонија“.
(МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top