Насловна / Екологија / Брзорастечки тополи за биогориво во Русија

Брзорастечки тополи за биогориво во Русија

AirportIrkutsk4
Институтот за биохемија и физиологија на растенијата во Иркутск, сибирски огранок на Руската академија на науки,  во вештачки услови развива брзорастечка топола со цел нејзина употреба како биогориво. Со помош на генетски инженеринг, се развива метода со помош на која тополата расте неколку пати побрзо отколку во природата. Тоа дрво ќе биде суровина за биогориво, а ќе биде и отпорно на суровата клима во Сибир.

Се работи за проект кој е во рана фаза, а неговиот напредок е прилично ограничен од рускиот закон кој забранува одгледување на генетски модифицирани растенија на отворено. Сепак, руските научници сметаат дека проектот ќе биде успешен и дека овој вид  топола ќе најде поширока примена  во индустријата.

Испрати коментар

Scroll To Top