Во 2017 година, остварено е рекордно производство на електрична енергија во светските хидроцентрали, дури 4185 TWh. Ова е објавено во „Извештајот за состојбите со хидроенергијата“ подготвен од страна на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA). Истовремено, во 2017 година моќноста на светските хидроцентрали е зголемена за 21,9 GW и сега достигнува 1267 GW. Најмногу новоинсталирана моќност има во Источна Азија и Пацифик (9,8 GW), а потоа следуваат Јужна Америка (4,1 GW), Јужна и средна Азија (3,3 GW), Европа (2,3 GW), Африка (1,9 GW) и Северна и Средна Америка (500 MW). Најголема инсталирана моќност има Кина (9,1 GW), а потоа следуваат Бразил (3,4 GW), Индија (1,9 GW), Португалија (1,1 GW) и Ангола (1 GW). Се проценува дека благодарение на производството на електрична енергија во хидроцентралите наместо во термоцентралите на јаглен, емисиите на стакленички гасови во 2017 година се намалени за околу 4 милијарди тони.