Rike Hagen е името кое се крие позади дизајнот на необичните стаклени чаши за коњак кои ги кршат сите класични конвенции на дизајнот.
Овие чаши се конструирани специјално, земајќи ја во предвид нивната содржина, арома, темоература и волумен. Формата на стаклото го подобрува интимното искуство на испивање коњак, племенит пијалок, нагласувајќи ја длабоката боја и движењето на течноста.
Дизајнерот Rike Hagen објаснува „Посакував да изработам стаклени чаши за коњак. Совршен поклон за човек кој има се. Инспирацијата извира од мојата перцепција дека кога пиете коњак, тоа е време кога сте во некој апсолутен мир во релаксирано опкружување. Сакав чашите на корисникот да му пружат чувство на џентлменска студија, а истовремено и чувство на мир. Столчето на чашите ме иритираше, па свесен за можните последици креирав чаша без столче. Така е родена мојата Cognac чаша за вашиот омилен пијалок“.
Чашите потсетуваат на стаклеми чигри. Поставете ја на маса вашата чаша за коњак, откривајќи ја фината арома на омилениот коњак. На основа на овие чаши Rike Hagen дизајнирал и помала верзија чаши за ликер.