На локацијата Бриска Гора во општина Улцињ, Министерството за стопанство на Црна Гора распиша тендер до 3ти јуни 2018 за закуп на 6,6 милиони m2 земјиште во државна сопственост на периос од 30 години заради изградба на соларна централа со инсталирана моќност поголема од 200 MW. Минималната цена на закупот е 0,05 EUR/m2 или 331.056 EUR годишно. Соларната електрична централа ќе се гради во две фази: прво, во рок од 18 месеци од потпишувањето на договорот за закуп на земјиштето. треба да се изгради инсталирана моќност од 50 MW, а во рок од 36 месеци и останатата моќност.