Португалскиот архитект Eduardo Souto de Moura добитник е на Златен лав за најдобар проект на изложба на 16-тото Венецианското архитектонско биенале, Freespace, додека Швајцарија е пофалена за организирање и претставување на најдобриот павилјон.
Eduardo Souto de Moura добитник на Златен лав
Проектот на Eduardo Souto de Moura, Vo De Jour се состои од две фотографии направени од воздух поставени една покрај друга, прикажувајќи го имотот Sаo Lourenцo do Barrocal estate во Alentejo, Португалија, чија архитектура се трансформира од стара фарма во хотел. Двете фотографии ја прикажуваат состојбата пред и по работите. Промените се едвај забележливи, откривајќи како интервенциите се всушност мали.
Eduardo Souto de Moura, Vo De Jour, Португалија
Судиите изјавија дека позиционирањето на двете фотографии “го открива основниот однос помеѓу архитектурата, времето и местото”.
Andra Matin, Elevation, Индонезија
Индонезискиот архитект Andra Matin е пофален за неговиот проект Elevation, кој беше содржан во ткаена структура. Elevation, ја прикажува народната архитектура на индонезискиот архипелаг. Судиите го опишаа како “чувствителна инсталација која обезбедува рамка за размислување за материјалот и формата на традиционалните народни структури”.
Rahul Mehrotra од Мумбај, Индија
Чест му припадна и на индискиот архитект Rahul Mehrotra од Мумбај, кој користеше три проекти за да ја претстави разноликоста на општеството во Индија. Според судиите, тие проекти “решаваат прашања за интимност и емпатија, нежно ширејќи ги социјалните граници и хиерархиите”.
Svizzera 240: House Tour, Швајцарија
Швајцарија го освои Златниот лав за најдобар национален учесник. Нивната изложба , насловена како Svizzera 240: House Tour, ги прикажува најчесто избраните опреми за нови станови или изнајмени апартмани. Тие се или намалени или зголемени, како Алиса во земјата на чудата, за да привлечат внимание на себе. Судиите ова го нарекоа “уверлива инсталација која е истовремено угодна, додека се справува со критичните прашања на размерот во домашниот простор”.
Велика Британија, Island
Велика Британија, исто така, беше особено истакната за својот павилјон Island, каде што бирото Caruso St John и Marcus Taylor изградија дрвена платформа на врвот на павилјонот. Во пресрет на Brexit, целта е да се создаде “место на прибежиште и егзил”. Судиите изјавија дека тоа е “храбар предлог кој користи празнина да создаде слободен простор за настани и неформални присвојувања”.
Jan de Vylder, Inge Vinck и Jo Taillieu од Белгија
Jan de Vylder, Inge Vinck и Jo Taillieu од Белгија освоија Сребрен лав за млади учесници кои најмногу ветуваат. Нивниот проект ги разгледува начините за вметнување нови структури во стара зграда. Тоа беше пофалено како “проект кој поседува самодоверба на која бавноста и чекањето дозволуваат архитектурата да биде отворена за идно активирање”.
Церемонијата за доделување на наградите се одржа во Венеција на отварање на Биеналето, на 26 мај 2018 година.
Превеземено од Dezeen