Градежниот факултет во Скопје доби лабораторија за испитување топлотна и звучна изолација на градежни материјали, во која Владата на РМ вложи околу 300.000 евра. Во тек е постапка за нејзина акредитација која се очекува да заврши до крајот на годинава, што ќе овозможи лабораторијата освен за научно-истражувачки да се користи и за комерцијални цели.
– Ќе му носи приходи на самиот факултет и на универзитетот, а истовремено ќе му овозможи и на приватниот сектор да врши разни видови проверки на нивните производи. Тоа може да биде производител или некоја градежна фирма која купува градежни изолациони материјали и сака да ги вгради во објектетот што го гради и сака да провери колкава е тополотната и звучната проводност на изолацискиот материјал. Ваква лабораторија речиси нема во поширокиот регион, освен една постара верзија во соседна Бугарија, но прилично постара и со помалку перформанси од оваа лабораторија која ја набави Владата“, изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска ја промовираше лабораторијата.
Проф. д-р Тодорка Самарџиоска од Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите појасни дека лабораторијата има апарат за мерење топлотна проводливост на градежни материјали кои се користат како термоизолациски во градежништвото и на конструктивни елементи во теренско мерење, т.е. на веќе изградени објекти ќе може да се провери коефицинетот на топлотна проводност на фасадните ѕидови, пропишан во Правилникот за енергетски карактеристики на зградите. Со инструментот за мерење на звучната изолација на објектите, пак, ќе може да се пресмета изолациската моќ на преградни ѕидови меѓу станови или во склоп на еден стан.
– Тие ќе му послужат на стопанството, особено на производителите на градежни материјали, за сертифицирање на квалитетот на материјалите што ги изработуваат, – рече Самарџиоска.
Utre ke ko promoviraat varosuvanjeto na laboratorijata ! Zadutre ke ima promocija na svezo ofarban pesacki premin,kako “proekt”.Aman !!!???