Насловна / Вести / Во Русија претставена првата пловечка нуклеарна електрана

Во Русија претставена првата пловечка нуклеарна електрана

Русија ја претстави првата пловечка нуклеарна централа во светот со свечено укотвување во Мурманск. Проектот би требало да ја задоволи потребата од електрична енергија во оддалечените и изолирани области, но ги загрижува еколошките организации.

Изграден во Санкт Петербург, „Академик Ломоносов“ денеска се закотви во пристаништето во Мурманск и беше претставен пред новинарите. Тука, треба да се наполни со нуклеарно гориво, пред да стигне до крајната дестинација, далечните региони во источниот дел на Сибир.

Изграден од страна на рускиот државен конгломерат „Росато“, овој пловечки блок долг 144 и широк 30 метри, располага со два реактори со капацитет од по 35 MW, слични со оние кои ги користат бродовите за кршење на мраз.rusija (1)

Во текот на следното лето, пловечкта нуклеарна централа ќе се упати од Мурманск во Арктичкото Море со цел да ја снабди со струја и топлина руската база, а ќе врши и дестилација на морската вода. Електраната може да ги задоволи потребите за електрична енергија на речиси 200.000 луѓе. Нејзината крајна дестинација е пристаништето Певек во Сибир, 350 километри северно од Арктичкиот круг.

Пловечка нуклеарна централа со елктрична енергија ќе ги снабдува нафтените платформи во таа зона, но и малубројното тамошно население.

Испрати коментар

Scroll To Top