Единаесет меѓународни и реновирани архитектонски студија учествувале во добротворниот проект на компанијата „Мекдоналдс“ за изработка на дизајн за нова куќа (Ronald McDonald House) во Хамбург. Инаку, куќите на „Роналд Мекдоналд“ се дел од проект, кој е активен во целиот свет, а обезбедува засолништа за семејства со деца кои се на операција, лекарски третмани или на закрепнување надвор од својата земја, за да можат и натаму да бидат заедно во едно домаќинство. На најновото градење на куќа која треба да биде отворена ова лето придонесе и студиото на Заха Хадид.
Ентериерот е поделен на две нивоа – долен изработен од дрво и горен во бела боја. Тие се надополнуваат со чисти заоблени линии кои се централен елемент на дизајнот. Во собите има кревети на кат, а во ѕидовите се креирани специјални ниши во кои децата можат да играат.
Својот дизајн го претставила и компанијата на Manuelle Gautrand – нејзините станови изгледаат како шумски куќи, а се состојат од модуларен дрвен мебел (кревет, маса, столици и полици), којшто е распореден на разни нивоа.
Меѓу останатите студија кои се пријавиле на конкурсот се Estudio Entresito, LOW Architecten, Appia Contract, Arcode Architects и многу други. Видете што тие создавале: