По повод потпишувањето на договорот со „ГИЗ РЕД“ Програмата и Швајцарската агенција за развој и соработка за финансирање на четири регионални проекти, Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе организира прес конференција во хотелот „Милениум Палас“ во Охрид.
Станува збор за изработка на основни проекти за пречистителна станица во охридското село Трпејца, за колекторски систем од село Радожда до село Калишта, за пречистителна станица во Центар Жупа и за изработка на Cost benifit analysis за систем за одведување отпадни води во Кичево.
Овие проекти се дел од годишната приоритетна листа на проекти утврдена од страна на Советот за развој на Југозападниот плански регион.