Насловна / Архитектура / Kigali, факултет за архитектура во Руанда

Kigali, факултет за архитектура во Руанда

Француското архитектонско биро Patrick Schweitzer & Associеs ги проектираше и ги разви формите на новиот Kigali факултет за архитектура во Руанда. Ова училиште опфаќа површина од 5600 квадратни метри и има капацитет за сместување на 600 студенти. Поточно, комплексот се наоѓа во кампусот на Колеџот за наука и технологија на Универзитетот во Руанда во округот Нијаругенге. Работата започнала на почетокот на 2017 година, а е завршена на крајот од 2017 година.

1
Зградата е резултат на широка анализа на локацијата и потребите. Архитектурата е инспирирана од територијата, боите и формите на природата. Четирите природни елементи се претставени во концепцијата на зградата: Оган – портокалова, Вода – внатрешна градина, Воздух- циркулација и Земја – лава и срушена земја.

2
Проектантското биро одлучило да направи проект кој сам по себе е педагошка алатка. Всушност, архитектурата им го покажува процесот на градење на учениците.

6
Фаворизирани се едноставни технички решенија за изградба и одржување. Нема лифт, но има широка и удобна рампа за да се стигне до вториот кат. Не постои греење и климатизација, туку ефикасен систем за природна вентилација. Архитектурата се користи за регулирање на топлината.

3

Правилно дизајнираното дневно осветлување обезбедува здрави и попријатни услови. Исто така ја намалува побарувачката за вештачко осветлување кое може да ги намали трошоците за работа.

4

Бетонските ѕидови се изолирани и малтерисани однадво со цел да се контролира зголемувањето на сончевата топлина. Зградата е опремена со единици за собирање и складирање на дождовница.

7

5

Испрати коментар

Scroll To Top