Архитектот Rafael Viñoly е дизајнерот на облакодер кој треба да биде највисока станбена зграда во западната хемисфера. Неговата изградба започна минатата година а според плановите треба да биде завршена до 2015 година. Дизајнерката на ентериерот Deborah Berke, инспирирана од можностите на височините, одлучи својата работа да ја базира на панорамскиот поглед. Бидејќи облакодерот е замислен со воедначени перфорации на димензиите 10×10 метри, погледот низ прозорците дава впечаток на живеење меѓу облаците.
Ентериерот се состои од јасни и чисти линии во комбинација со модерни кујнски апарати кои даваат чувство на софистициран луксуз. Боите се едноставни, претежно нијанси на беж, сива и бела боја, кои се споени со материјали како што се мермер, светло дрво и децентни керамички плочки. Животот во овој облакодер на своите станари и корисници, ќе им донесе квалитети како што се затворен базен, соби за прием опремени со послуга паркинг, приватен базен , спа и фитнес центар, сауни, библиотеки со простори за читање, проекциски соби, игротеки…