Централаната железничка станица Blackfriars во Лондон е сопственик на најголемиот соларен мост на светот. Мостот содржи 4400 фотоволтаични модули, а проектот е заедничка инвестиција на Англиската железничка мрежа и компанијата Solarcentury. На овој начин се обезбедува над 50% од енергијата потребна за работењето на станицата.
Мостот се протега преку реката Темза, а преку него секојдневно се превезуваат илјадници луѓе. Се проценува дека ваквото решение ќе овозможи намалување на емисијата на стакленички гасови за 511 тони годишно, а мостот значително ќе придонесе за одржливоста на градот, и ќе ги поттикне граѓаните повеќе да размислуваат за обновливите извори на енергија.
извор: Huffington post