Арт музејот и центар за истражувања и
едукација, „The Sterling and Francine Clark
Art Institute“, започна со изведба на својот
кампус. Урбанистичкиот проект претставува
голем просторен потег во пејзажот на новите
објекти со галерии на институтот и простории
за јавни и академски програми, совршено се
интегираат со своето рурално опкружување.
Првата фаза од проширувањето која опфаќа
10.000 м2 на галерии, простории за
состаноци, училници, арт студио, како и
Williamstown Art Conservation Center (WACC)
е завршена пред две години. Тимот тогаш
соработуваше со WACC за да дознаат какви се
потребите на корисниците на просторот.
Соработката помеѓу Tadao Ando, Gensler и
Reed Hilderbrand била мошне добра. Стотици
скици биле разменети меѓу САД и Јапонија,
презентирајќи ги различните аспекти на дизајнот,
започнувајќи од концептуалната програма па се
до одделните детали на основите на објектот.
За да се вклопи објектот во околниот пејзаж,
дизајнерите инкорпорирале структура од
дрво и челик и потпорни ѕидови од бетон.
The Clark му бил предизвик на Ando и да креира
уникатен „Кларк бетон“. Тимот истражувал многу
производи со цел да го одреди најдобриот
материјал за нивниот дизајн од бетон. Дури и
бетонот го изработувале во домашни услови,
го лиеле во сопствени калапи, користејќи
сушалка за алишта како вибратор за бетонот.