Лоциран во тивка пријатна резиденцијална населба, која во 20 век претставувала дом на значајни личности од јапонската политичка сцена, за разлика од останатото опкружување објектот беспрекорно го шири својот беспрекорен, рамнодушен израз, дефинирајќи несекојдневен фокус за минувачите.
Во потрагата да се реализира дело кое се интегрира во постоечката слика, битувајќи како „структура на status quo“ за минувачите, архитектите дошле до неизбежна потреба за креирање на ентериерна обвивка која целосно ќе отскокнува од стандардите на архитектионскиот лексикон.
Провлекувајќи се низ влезниот дел, кој потсетува на отвор/пукнатина кон некоја тајна пештера скриена во карпите и поминувајќи низ затемнетиот пригушен простран ентериер, се презентира една нова поинаква димензија на концептот – отворен простор кој е во тотален контраст во однос на претходно доживеаната атмосфера.
Идејата цели кон креирање на ефект на приватна плажа, затворена и скриена од монументалноста на карпите, т.е. креирање простор кој би функционирал како засолниште за индивидуален одмор и релаксација, земајќи од комфорот на градскиот центар – „идеално, приватно засолниште во срцето на градот“.