Библиотеката пред главниот совет
ја презентираше шемата на
решението на London Borough
of Lambeth и Cathedral (Clapham)
Ltd за проектот на јавна библиотека,
здравствен центар (The Clapham
Family Practice), PCT Resource Centre
и 136 домoви за заедницата.
Дизајнот го разрешува големиот број
проблеми во заедницата.
Проектот
дава решение за многу проблеми
со кои се соочуваат објектите со
мешана употреба во Лондон.
Дизајнот ја добил оценката „Excellent“
(18,5 од 20) во Building For Life.
Решението овозможува станови
со CFSH на четвртото ниво заедно
со библиотеката и здравствениот
центар, кој од BREEAM е оценет
со многу добар (Very Good).
Библиотеката добива нова огромна
употребна вредност, базирана
околу едноставна спирална форма,
овозможувајќи уживање во учењето.
Спиралите се користат за да ги
поврзат елементите со различна
употреба во објектот со книги.
Тие овозможуваат континуирана
линеарна серпентина околу која
другите простории се конфигурирани.