Насловна / Архитектура / Павилјон “Puur” од студиото Emma Architecten

Павилјон “Puur” од студиото Emma Architecten

Pavilion_Puur (7)
Концептот на новиот проект за павилјонот „Puur“ произлегува од „отпечатоците“ на некогашниот објект кој постоел на истата локација, т.е. воено засолниште кое претставувало составен дел од тврдината Diemerdam, едно од двете крајбрежни утврдувања на градот Амстердам, денес заштитени како културно богатство.
Pavilion_Puur (8)
Основната инспирација за обликување на павилјонот потекнува од извиените форми на пејзажното обликување, така што се добиваат брановидни, криви, дрвени ѕидови кои се обвиваат во различни насоки, на некои места поинтирајќи кон земјата, на други точки пак, кон небото. Желбата на архитектите е кај секој што ќе го посети и доживее објектот да се пробуди чувство на конфузија за тоа кога бил објектот изграден, дали претставува дел од иднината или пак од минатото.

За да се постигне посакуваната конфузија и енигма, неопходно е објектот да содржи малку или пак воопшто архитектонски специфики и референци. Прозорецот или вратата на пример, најчесто отсликуваат специфичен период на архитектонското поимување и перципирање кое би можело да го олесни процесот на погодување на годината на изградба.
Pavilion_Puur (1) Pavilion_Puur (2) Pavilion_Puur (3) Pavilion_Puur (9)
Наместо пробудувањето на една архитектонска интрига, добиена е безвремена креација која неминовно произлегува од природната пејзажна слика.
Pavilion_Puur (6) Pavilion_Puur (5) Pavilion_Puur (4)

 

Испрати коментар

Scroll To Top