Исландскиот град Hvalfjörður го крие ова мало волшебно сместување во кое секој сака да дојде на одмор, и е јасно зошто. Во прашање е осамена модерна колиба со спектакуларен панорамски покрив.
Таа е претставена како уникатно искуство кое не може да се опише со зборови, а во фокусот на целото искуство е фамозната поларна светлина што може буквално да се гледа од креветот кога над вас се појавува небесната атракција вредна за восхитување. Колибата дополнително има и гастрономски понуда за да имате сила за уживање.
Сопствениците велат дека ова сместување е идеално за сите оние авантуристички духови, но има се повеќе и парови кои доаѓаат за нивниот меден месец, бидејќи тука е загарантирано специјална доза на романса.