Концептот за овој објект, дизајниран од архитектот Lukas Mayr, ја презентира кујната како простор во просторот, како место за вистински потреби и барања. Во поглед на спацијалноста, интегрирани се постоечките отвори во органска шема на таков начин што секое катче изгледа како да е самоизработено во корист на сопствената функција.
Анализирајќи го дизајнот на ентериерното уредување доминира воздржаноста. Сите ѕидни површини, подот и внатрешната површина на кровната покривка се исполирани со црн сјај, преку кои се апсорбира целокупното осветлување.